Дескоска: Ќе бараме отповикување на барањето за азил на Груевски

Министерството за правда ќе бара отповикување на барањето за азил на Груевски, кое по експресно брза постапка му го додели Унгарија, најави денеска министерката Дескоска.

Таа вели дека со новите измени на Законот за азил во Унгарија предвидена е оваа можност отповикување на азил.

  • Има и други можности, погледнете ги и другите закони. Унгарија има нов закон којшто се однесува на азилот, којшто е прилично рестриктивен и којшто дава можност дури и за отповикување на дадена одлука за азил. Владата размислува да испрати барање за отповикување на одлуката за азил од причино што долколку одлуката е засновата врз определени факти, коишто не се такви какви што се, државата има право да ја поништо таа одлука. Гледајќи го унгарскиот закон оние што добиваат азил доколку не добијат државјанство на државата или трајно жителство нивната одлука за азил се преиспитува ex officio  значи по службена должност на секои три години, вели министерката Дескоска.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ