
Дескоска ќе бара повторна екстрадиција, адвокатот на бегалците се сомнева дека може
Министерство за правда повторно ќе бара екстрадиција на поранешните началници во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски од Грција. Пресудите од тамошниот Врховен суд се уште патуваат до македонското министерство, но министерката Рената Десковска веќе ја знае содржината бидејќи се објавени на интернет и во медиумите. Смета дека има аргументи на кои министерството може да се потпре.
Спротивно на ова адвокатот на бегалците се сомнева дека воопшто министерството би можело да ја повтори постапката. Прво поради тоа што апелациониот и врховниот суд на Грција не би си ја преиспитувале веќе еднаш донесената пресуда и второ за тоа што мандатот на СЈО кое ја води постапката е веќе истечен.
Врховниот суд во Атина на 18-ти мај годинава го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски. На речиси 20 страници највисокиот грчки суд ги објави двете одлуки, една за Грујевски и една за Бошковски, но со иницијалите на обвинетите. Во двете се повикува на помилувањето од претседателот Иванов кое го добиле двајцата обвинети на СЈО без разлика што подоцна беше поништено од самиот Иванов.
Инаку обвинетите во случајот на СЈО „Тврдина“, илегално ја напуштија Македонија. Беа фатени на солунскиот аеродром, кога се обидоа да заминат за Унгарија.
Билјана Николовска