Дескоска бара собранието да даде автентично толкување на законот за помилување

Собранието треба да даде автентично толкување на членот 11-А од законот за помилување, бара министерката за правда Дескоска.

Нејаснотиите што ги предизвика Уставниот суд кога поведе постапка за оценување на уставноста за овој член се поради можноста голем број обвинети и осомничени поранешни функционери  кои беа аболицирани од претседателот Иванов, сега да се спасат од кривичен прогон.

Иванов во 2016-та помилуваше 56 тогашни функцуионери, а потоа ја повлече својата одлука. Шестмина од вкупно девет уставни судии сметаат дека еднаш донесена одлука за помилување не може никогаш да биде повлечена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ