Дескоска: Ако ВМРО – ДПМНЕ останат закопани во своите ровови не гледам надеж

СЈО кое ќе гони висока корупција кое ќе ги продолжи со почнатите постапки и без можност некој да биде амнестиран. Ова се стратешките точки со кои министерката за правда Рената Декскоска влегува во новата рунда преговори со опозицијата за законот за јавно обвинителство. Како држава ќе испратиме сериозна порака доколку овозможиме трајно функционирање на СЈО вели Дескоска. Патот до таму е преку обезбедување на 2/3 мнозинство

– Прашање е на пратеничките групи на политичките партии дали ќе сакаат да се вградат во евроинтегративните процеси или ќе стават приоритет на штитење на криминалот во сопствените редови, рече Дескоска.

Дали очекувате дека денеска во 15 часот ќе мрднат разговорите од мртва точка?

– Зависи со каков мандат ќе дојдат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ: Ако се спремни да ги почитуваат стандардите на ЕУ и препораките на меѓународната заедница тогаш има шасна да мрднат. Доколку останат закопани во своите ровови не гледам надеж дека нешто посебно би се случило, рече Дескоска.

Дали и овие преговори ќе завршат во ќорсокак од ВМРО ДПМНЕ пак сметаат дека зависи од власта и велат ќе им дадат шанса на преговорите. Претходно опозицијата поднесе 65 амандмани со кои мегу другото бараат СЈО да биде надлежно само за обвиненијата подигнати до 30 јуни 2017 и наместо посебно обвинителство, СЈО да стане одделение во обвинителството за организиран криминал.

Поранешната судијка од судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска посочува дека СЈО мора да продолжи да работи во насока на утврдување на она што било криминал и на она што не било криминал.

Тоа што за судбината на СЈО преговара пратеникот од вмро дпмне Антонио Милошоски кој е осомничен во Моќник, Десковска вели париите имаат дискреционо право сами да ги составуваат преговарачкиот тимови но дека од тоа кој ги застапува нивните интереси според неа, испраќа порака кои позиции ќе им бидат приоритетни во преговорите.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ