
Десетици работници ги санираат последиците од железничката несреќа кај Черкезе
Железата и остатоците од пругата се уште стојат искривени и сведочат за железничката несреќа во кумановско, која се случи пред неколку дена. Десетици работници денес, на триесетина степени целзиусови работеа со полна пареа за да ги вратат работите во нормала.
Штетата е огромна, потврдија надлежните. Еден вагон чини 80 илјади евра, а единаесет такви се излизгаа од пругата со товарениот лим во нив.
Стручната комисија се уште не истражила како точно се случила несреќата. Штетата ќе се надополнува.
Веднаш до самата пруга каде што се случи несреќата наидовме на локален жител кој ни кажа дека е среќен што никој од неговото село не бил присутен на местото кога вагоните се излигале од пругата.
Од Владата се свесни дека треба да се подобри железничката инфраструктура. Признаваат дека Железници тонат во долгови, па штом се ослободат со дел од нив ќе започнат и да инвестираат во нови локомотиви и вагони.
Дента кога се случи несреќата во село Черкезе, од Владата направија увид на самото место, а денес од Пробиштип министерот Сугарески најави приватизација на железницата.
Петар Догов