Вагоните излетале од пругата во кумановско затоа што не биле правилно натоварени, велат првичните информации од увидот

Неправилно биле натоварени тешките лимови во возот, па затоа дел од вагоните излетале од пругите рано утрината, час и половина после полноќ.

Ова се првите неофицијални информации на надлежните после неколкучасовниот увид. Во железничката несреќа нема жртви, ниту повредени, а не е направена штета ниту на околните куќи.

Железничкиот сообраќај на пругите е во прекин. Не се движат возовите бидејќи вагоните се уште не се тргнати оттаму, а потребно е да се направат и поправки на железничката инфраструктура пред да се дозволи повторно да има сообраќај.

Кога ќе бидат пуштени возови да се движат по пругите – не се знае точно. Но, надлежните сакаат да издејствуваат за 24 часа повторно да биде пуштен сообраќајот на пругите.

Товарниот воз се движел од Табановце кон Трубарево, а превезувал отприлика 600 тони лимови.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ