Десетина илјади Македонци за првомајските празници заминале во Грција

Десетина илјади Македонци за првомајските празници заминале на продолжен викенд во Грција. Толку граѓани ја поминале границата за излез од државата само на преминот Богородица. Оттаму велат дека гужвата почнала уште во петокот, но најголема фреквенција имало во саботата претпладне.

Високите температури се привлечни и за странските државјани. Освен домашни туристи речиси десетина илјади патници имало и од Србија и Полска.

Овој е втор поголем бран на македонските граници пролетва по оној од почетокот на април, за велигденските празници.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ