Дерковски: За изборите ни останува да ги завршиме само техничките работи

Сите прашања за одржување на предвремените избори на 15 јули се решени, остануваат уште некои технички, како заклучување на избирачкиот список, дистрибуцијата на избирачките материјали, но и обуките на избирачките одбори кои стартуваат од утре.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, во разговор за Телма вели дека се најдени соодветни места според здравствени протоколи каде ќе се одвива гласањето. Но она што ДИК нема надлежност да го уреди, а е поврзано со денот на изборите е дали ќе има или нема изборен. Деркоски вели дека тоа се уредува со закон, а не со правилник на ДИК.

 

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ