Деркоски: ДИК е подготвена за референдумот, се надеваме на успешен ден

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски во интервју за МИА истакна дека Комисијата е подготвена за утрешниот референдум и се надева на успешен ден бидејќи, како што вели, досега нема никакви елементи или сознанија што би воделе кон спротивното.

– Граѓаните се доволно свесни дека имаат право да го искористат своето право на глас или да не го искористат, истакна тој, посочувајќи на членот 7 од Законот за референдум.

Во изминатива недела завршени се обуките на општинските изборни комисии и на избирачките одбори за референдумот, а на нивните членови, потенцира Деркоски, им се посочува дека имаат одговорна задача и дека треба да внимаваат на денот на гласањето се да биде во најдобар ред и да го почитуваат Законот.

– Не смеат да прекршат ниедна процедура затоа што драконски се казните што се предвидени и во Кривичниот законик. Се надевам дека нивото на култура и свест кај нашите граѓани, членови на ИО како изборни органи е малку на повисоко ниво и дека нема да си дозволат себеси за било кого и за што било да направат инцидент од таков тип за потоа да одговараат за некого, истакна Деркоски.

ДИК во недела ќе има дежурен тим кој ќе одговара на телефонските повици на бројот 0800 555 44, отворен за пријавување неправилности и забелешки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ