„Деполитизација и правичен ситем на плати“ – дел од реформите на јавната администрација

Пребројувањето на вкупниот т број административни службеници ќе трае до крајот на март, после што ќе се знае каде има превработување, а каде кусок. Во меѓувреме, во процедура се законски измени за оние кои се вече познати на јавноста -вработените административци кои земаат плата а не доаѓаат на работа. 1600 лица  ќе бидат распределени по целиот јавен сектор.

Стратегијата за реформа на јавната администација која ја презентираше Манчевски предвидува план за деполитизација на оваа сфера.

Предвидено е редифинирање на системот за оценка на административните служненици што ќе овозможи основа за наградување според учинок. Ќе се воведе посебна категорија на високи државни службеници, а во подготовка е нов закон за плати. Целта е да биде правичен, заснован на принципот еднаква плата за еднаква работа.

Администрацијата, укажа манчевски има превработеност на најниско ниво. Од друга страна нема менаџерски кадар , односно пополнетоста на раководните позиции, како на пример раководители на одделенија и сектори е одвај 40 %.

Недостигаат искусни инженери, економисти, правници. Лица кои се помлади соработници и примаат многу ниски плати се преоптоварени со работни задачи.

Според Министерот, еден од начините за решавање на проблемот се привремените вработувања. Ги отфрла како неосновани обвинувањата дека лесно може да се трансформираат во догвори на неопределено. Тоа вели може да се слуѓи дури после ваков оглас каде сите кандидати ќе имаат подеднакви шанси.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ