Денот на пожарникарите одбележан и во Тетово

Денот на пожарникарите во Тетово се одбележа на две одвоени церемонии. Најпрвин градоначалничката на Тетово Теута Арифи како знак на благодарноста по заслуга им додели благодарници на пожарникари и донатори, откако таа замина, независниот синдикат на пожарникарите на ист начин го одбележа денот. Оттаму велат дека Арифи била таа која не сака заедничко одбележување, затоа што била повикана да остане додека ги доделат благодарниците.

Од Синдикатот, велат дека ова не прв пат Арифи и Општина Тетово да покажат игнорантски однос кон нив. Во неколку наврати побарале решавање на нивните проблеми како исплата на плати за дополнителна работа но и услови за работа. Затоа се одлучиле овие права да ги оствараат по судски пат.

Градоначалничката Арифи смета дека на пожарникарите им се исплаќаат сите дневници за дополнителна работа, а во меѓувреме им се подборуваат условите

Од Синдикатот за прв пат после десет години добија нова опрема. Неколку дена пред одбележувањето на денот на пожарникарите им беа доделени нови униформи, а недомна како донација добија против пожарни скали, произведени пред повеќе од половиона век.

И останата опрема која ја имаат тетовските пожарникари е стара и дотраена, претежно донирана. Од Општина Тетово како и многу пати досега, најавија инвестиции во опрема и средства.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ