Денеска состанок на ЦК на ВМРО ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа ја одби иницијативата на повеќемина актуелни и поранешни функционери за одложување на вонредниот конгрес на партијата и оваа иницијатива нема да се најде на дневен ред на денешната седница на Централниот Комитет на партијата.

ИК на ВМРО ДПМНЕ вчера ја разгледал и информацијата околу подготовките за одржување на вонредниот 16. Конгрес, што  треба да се одржи на 22 и 23 декември во Валандово.

Пратеникот Илија Димовски, кој е еден од потписниците на барањето за одложување на конгресот, изјави дека нема намера да се кандидира за лидер на ВМРО ДПМНЕ.  Тој објасни дека на Централниот Комитет гласале за одржување на Конгрес на 23 декември, а потоа добиле информации за нефер и недемократски избор помеѓу кандидатите.

Груевски пак на Фејсбук потсети дека одлуката за одржување на конгрес била едноглсано донесена.

Единствен кандидат кој би можел да се појави на Конгресот е Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, кој веќе собрал стотина потписи од делегатите.

Филип Петровски во гостување на Телма рече дека токму Мицкоски е фафорит на поранешниот лидер Груевски.

Во меѓувреме и поранешниот министер за надворешни работи и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ Никола Попоски се повлекол од сите партиски функции.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ