Денеска на протест, идната недела бојкот на наставата- тетовските средношколци бараат чист воздух

Тетовските средношколци од наредната недела најавија дека ќе ја бојкотираат наставата, ако општината најдоцна за седум дена не започне да спроведува краткорочни и долгорочни мерки против аерозагадуавњето. Велат дека се одлучиле да протестираат, затоа што одговорните на чело со градоначалничката Теута Арифи не сакала да ги прими и сослуша младите кои бараат итни чекори за справување со загадениот воздух.

Учесниците на протестот велат дека локалните но и централните власти треба преку целата година да спроведуваат мерки против аерзагадувањето. Но на терен конкретно во Тетово не се презема ништо, а стапката на смртност поради загадениот воздух постојано расте.

Протестот на кој учествуваа средношколци од Македонските паралелки не доби масовна подршка како што беше најавена. Учениците посочија дека деновиве врз нив се вршеле големи притисоци да не излегуваат на протест.

Протестот заврши мирно и без инциденти, но учениците не добија никаков одговор или пак најава за прием и средба кај градоначалничката Арифи.   

Инаку Тетово и годинава се искачи на неславните места на најзагадените градови  Најновата студија на Светската здравствена организација покажа дека градот под Шара е меѓу десетте градови во Европа со најзагаден воздух.

Студијата вели дека како најголеми причини за загадениот воздух дури и во време кога не е сезона на аерозагадување е користењето на јаглен лигнит во домаќинствата и индустријата, но и неконтролираниот сообраќај и возила од каде се емитуаат штенти гасови.

Во меѓувреме на терен не се спроведуваат некакви активности против аерозагаденоста. Дивата депонија на претоварната станица се уште ги труе тетовци а решение за неконтролираниот сообраќен и урбан хаос нема ниту на повидок.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ