
Дендиас не е сигурен дека Грција може да донесе промена во француската политика
Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас во интервју за грчкото радио „Реал фм“ изјави дека „не е сигурен дека Грција може да донесе промена во француската политика“, но нагласи дека сигурно ќе се обидат и оти прават повеќе од она што можат.
Дендиас и заменикот министер за надворешни работи надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис во вторник ќе дојдат во посета на земјава.
Шефот на грчката дипломатија непосредно пред посетата ја повтори позицијата на Грција – поддршка за проширувањето на ЕУ, бидејќи „тоа е во интерес и на Европа и во интерес на Грција”.
Дендиас изјави дека планира и средба со Французите. “Со Ле Дријан се видов на состанокот на НАТО. Во рамките на нашите можности, правиме повеќе од она што можеме“, вели Дендиас.