
Ден на полицијата – промовиран видео спот , димна бомба заврши кај дипломатите
Полицајци, специјални единици, политичари, димпломатски кор, полициски и оклопни возила собрани во полицискиот дом во Ѓорче Петров. Сите дојдени со една цел – да го прослават Денот на полицијата.
Мирнооооо!
Но, не за долго. На една од показните вежби каде што специјалните сили со смислено сценарио демонстрираа како изгледа напад и одбрана од непријател. Една од димните бомби заврши на трибините каде што седеа дипломатите . Па така во показната вежба непоканети се најдоа и гостите а и новинарските екипи кој го следеа настанот.
На настанот беше презентиран и спотот за полицијата , лекарите медицинските сестри и сите оние кои се на прва борбена линија против корона вирусот.
Спотот е снимен кај салата Борис Трајковски , а на него се гледа како за време на траење на полициски час возила на МВР возат по скопските булевари и кај салата формираат срце за да се заблагодарат на своите колеги. Оваа видео на МВР, пред да биде и официјално промовирано наиде на лавина реакции од граѓаните и политичарите .
Најгласни беа обвинувањата на СДСМ дека Чулев во време на пандемија непотребно троши пари и ги злоупотрува полицајците за да се промовира. Денска за видеото искоментира и министерот кој кажа дека спото чини не повеќе од 300 евра.
Минатиот месец Ердоган на сличен начин им се заблагодари на здравствените работници во Турција. Турските власти во април објавија видео – спот на кој амбулантиски возила со вклучени ротациони светла испраќаат благодарност од болнички паркинг.
Полицијата веќе втор месец деноноќно е на терен откако е прогласен полициски час и Македонија живее во вонредна состојба.
Теодора Цветковска