
Демократијата, криминалната правда и евроинтеграциите на патот кон Европската Унија
Демократијата, криминалната правда и евроинтеграциите се процеси кои се исклучително значајни на патот на Македонија кон Европската унија, а на оваа тема денеска дебатираат 150 учесници од целиот свет на меѓународнат научната конференција во организација на Правниот факултет од Битола.
Демократијата е се уште систем кој што не е постигнат, се уште не е затворен и завршен систем. Криминалната правда претставува дисциплина на правото што се занимава со превенција и сузбивање на криминалот и сите елементи кои што правниот систем на една демократската држав треба да ги поседува да влезе во борба со крималот и намалување на стапката на криминалитет во општетството, рече проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правен факултет-Битола.
Но, нема демократија без вистинска правда и санкционирање на криминалот, велат правните експерти
Во мојот научен труд ги пренесувам искустватаод Германија и резултатите од санкционата политика, односно дали построгите казни придонесуваат во намалување на криминалот. Што се однесува до вашата земја колку што сум информиран постои извесен напредок, вели Хелмун Урим, експерт по кривично право од Германија
Со каква динамика ќе се одвива евроинтеграцијата на Македонија зависи од квалитетот на реформите и хармонизацијата на македонското со законодавството на ЕУ, а високообразовните установи треба да се столб на овој процес
Универзитетот е институција која што треба да е носител на тие евроинтеграциски процеси поради капиталот што го поседува,стручниот, научниот и демократскиот капитал. Демократијата од институциите треба да се прелее во општеството, рече проф. др Сашо Коруновски, ректор на УКЛО-Битола.
Заклучоците од оваа меѓунардона конференција во иднина можат да послужат за креирање на политики и подобрување на реалноста, затоа што го тангираат политичкиот систем на државата, велат организаторите
Емилија Мисирлиевска