
Демант од БЕГ: Работиме законски, неосновано сме поврзани со правното мислење на Врховен суд
Демант од БЕГ на вчерашниот прилог на Телма, во кој адвокти ги толкуваа можните ефекти од правното мислење на Вровниот суд дека наплатата на надоместок за исклучените од парно греење била незаконска,а во кое пшокрај Топлификавија, се споменува и БЕГ. БЕГ работи според сите позитивни законски прописи.
„Одлуката за укинување на член 53 на Уставниот суд на РСМ, која се споменува во вашата информација датира од почетокот на 2009 година. Компаниите во рамките на групацијата БЕГ управуваат со дејноста централно греење од почетокот на 2013 година, што всушност значи дека не постоела можност во своето работење да користат акт кој од страна на Уставниот Суд бил укинат неколку години пред отпочнување на вршење на дејноста. БЕГ АД и компаниите во рамките на групацијата работат исклучиво согласно законски и подзаконски акти донесени од страна на институциите на РСМ.“’ – пишува во ракцијата од компанијата