
Деловникот ќе го донесе новиот собраниски состав
Дијалогот ,, Жан Моне,, е добра основа за продолжување на разговорите за Деловникот од следниот парламентарен состав.Тоа значи дека и покрај приближувањето на одредени ставови,клучните разлики остануваат.
Нема усогласеност за ограничување на конститутутивната седница на два дена, спорно е името на државата, изборот на Генерален секретар, мнозинство за одземање имунитет на пратеник. Опозициската ВМРО ДПМНЕ ги изнела забелешките пред тројцата европратеници, Ќучук, Валсман и Шидер кои се копретседавачи на третиот дијалог во рамките на процесот ,, Жан Моне,,.
Власта со став, Уставот мора да се почитува, а со разговор може да се дојде до одржливи решенија.
Собранискиот спикер Талат Џафери во обраќањето апелирал пратениците во наредните два дена да направат напори за приближување на ставовите за Деловникот.Тројцата европратеници и евроамбасадорот Жбогар вечерва ќе се сретнат и со сите лидери на парламентарните политички партии а заклучоците ќе ги соопштат утре на прес конференција.
Јулијана Пешевска