Делови од тетовската почва загадена со арсен

Одредени површини од тетовксата почва се загадени со тешкиот метал Арсен. Мострите земени од горниот дел на Општина Јегуновце и во Тетово покажале присуство на Арсен во земјата два ипол пати повеќе од максималните граници.

Универзитетскиот професор Бесник Реџепи, вели дека практично  Арсенот е поврзан со сите болести на човекот, кој тешките метални ги апсорбира преку зеленчукот кој се одгледува на загадена површина.

Истражувањето на почвата во тетовско го вршеа невладините организации Вила Зора и Еко Герила. Велат дека има начини за деконтаминација на земјата преку природен пат, за што е потребно неколку години. Како пример ја зедоа почвата во Велес.

За прочистување на земјата, потребна е поголема соработка и подршка од самите институции, кои се директно одговорни за чиста животна средина и здрави земјоделски производи.

Невладините сметаат здравствените институции треба да бидат поажурни и да прават почести контроли каква храна јаде Македонското население.

Испитувањата покажале дека загадени почви има и во Кавадарци, Велес и Скопје. Мостри од почва ќе се земат и во останатите делови од тетовско,по што се очекува да се изработи стратегија за прочистување на земјата од тешките метали.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ