Делегација на Европскиот парламент престојува во Скопје

Делегација на Европскиот парламент престојува во Скопје за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори.

Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество.

Во делегацијата е романскиот европратеник Кристиан Преда, потоа Кнут Флекенштајн од Германија, Хуан Фернандо Лопез Агилар – шпански европратеник и уште по еден од Бугарија и од Унгарија.

Европратениците Кнут Флекенштајн и Едвард Кукан ќе се сретнат и со потпретседателот на Собранието Весел Мемеди.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ