Дел од Левица со кривична против партиското раководство

Група основачи на политичката партија Левица поднесoa кривична пријава против актуелното раководство. Обвинуваат дека фалсификувале документи и ја злоупотребиле својата позиција во партијата, со што оневозможиле демократска промена и делување на членовите на партијата.

Тврдат дека, раководството фалсификувале и подоцна вметнале  документ во регистарската документација без знаење на пленумот, со што го прекршиле статутот, сите правни акти на партијата како и законите на државата.

Пријавата е поднесена од деветмина основачи на Президиумот и Централниот комитет на партијата. Минатата година на овие лица им беше замрзнато членството во партијата, поради непочитување на статутот, откако држеа прес-конференции, незадоволни од одлуката, Левица да настапи самостојно на изборите, а не во коалиција со СДСМ.

Треба да се видиме кој стои зад овие паушални, нејасни и тенденциозно невистинити обвинувања, се вели во демант од Левица по соопштението на нејзините поранешни членови. Се работи за мала небитна и немоќна група незадоволници, т.н пучисти, кои иако пред речиси две години се искучени од членство поради нивното нестатурарно роварење внатре во партијата, сепак пред секој поголем политички настан се активираат со цел да создадат лажен привид за некаков си внатрешен судир во Левица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ