
Деградираниот инспектор Илиевски ќе покрене кривични пријави против Инспекцискиот совет
Вишиот просветен инспектор Ѓорги Илиевски, ќе покрене кривична пријава против претседателката на Инспекцискиот совет и членот на Советот задолжен за образование, наука и култура, поради, како што вели, неспроведување на одлуката на Државната комисија за спречување корупција, која констатира судир на интереси на Главниот инспектор, Африм Салиу.
Тој, како што вели Илиевски, при вонреден инспекциски надзор, заедно со уште двајца инспектори, констатирал дека нема законски пропусти во врска со унапредувањата на звањата на тројца високи функцеонери од ДУИ на Државниот универзитет во Тетово.
Инспекцискиот совет не постапи според законите за инспекциски надзор, судир на интереси и Етичкиот кодекс и ме дискриминира, потенцира инспекторот Илиевски. Заради јавно објавување на имињата на функционерите од ДУИ, Илиевски е без работни задачи последниве 6 месеци до пензионирањето.
- На вондередн инспекциски надзор констатирале на 06.06.2019 год. дека унапредувањата на јавните функционери, министерот за образование, заменикот министер за внатрешни работи и директорот на Агенцијата за индустриска сопственост, дека се законити. Наспроти тоа, Инспекцискиот совет, иако ја добиле одлуката до ден- денес не постапиле. Не повеле дисциплинска постапка, не му ја одзеле лиценцата на Салиу, а и не ги поништиле записниците кои што требало да ги поништат од извршениот вонреден инспекциски надзор, направен од главниот инспектор, кој има судир на интереси на тој Универзитет, изјави Ѓорги Илиевски- Виш просветен инспектор во ДПИ.