Дефектот во алармниот систем на судот отстранет- судењата продолжија

Технички проблем во алармниот систем било причина за одложување на судските рочишта за Монструм и 27 април, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

„Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја информира јавноста дека денеска во утринските часови во новата зграда на судот беше пријавен проблем со алармниот систем за кој по извршена проверка се утврди дека се работи за технички проблем кој за помалку од 20 минути беше остранет. Заради проверка на системот судењата за предметот поврзан со настаните од 27 април 2017 година кои се слуичија во Собранието на Р.Македонија како и судењето за предметот од обвинителството означен како „Монструм“ кои беа насрочени во 10:00 часот започнаа со задоцнување за кое странките беа благовремено известени, а судењата во овој момент се одвиваат без никакви проблеми,“ се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Во Кривичниот суд продолжува рочиштето за насилниот упад во собранието од 27-ми април. Сведочи обезбедувањето на Митко Чавков, Никола Димитриевски, кој рече дека Чавков бил во седиштетео на ВМРО ДПМНЕ после полноќ, но не и пред тоа – што е спротивно на сведочењето на Нинџа. Димитриевски вели дека Чавков во 18 часот бил во својата канцеларија кај Технометал Вардар, која е веднаш до партиското седиште. Сепак, обвинетиот Александар Василевски Нинџа сведочеше дека во 18 часот го видел Чавков белата палата на вмро дпмне.

Се очекува исказ да даде пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, кога тој ја извршуваше функцијата претседател на Собранието. Вељаноски е сведок предложен од обвинетиот Горан Јошевски Леви. Почетокот на судењето беше пролонгирано. Утринава во новата зграда се активирал алармот, поради што била исклучена струјата во целата зграда, за алармот да се деактивира.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ