Дефект на трафостаницата во поликлинката Букурешт пренасочи стотици пациенти во останатите болници

Џабе дојдовте или со зборови на управата – „Дежурствата викендот ќе се прават во поликлиника Бит пазар“. Како доаѓаа така и си заминуваа пациентите на болницата Букурешт. Одговорот е дека втор дена нема струја, прегорела трафостаницата и кабелот, а некои прегледи кои бараат електронски апарати се одложуваат. А, и известувањето е напишано со рака, бидејќи струја нема ниту за фотокопирот.

Синоќа дефектот ја помрачил и итната брза помош, но таму по неколку часа е вратена електричната енергија. Директорот на Здравственот дом Скопје, Злате Мехмедовиќ вели пациентите треба да дојдат до болницата или да се јават на телефон за да знаат каде се препратени. Лекарствата кои се подлежни на расипување се преместени, смирува директорот.

Мехмедовиќ тврди дека проблем се појавил кога австриската компанија ЕВН рекла дека не е надлежна за дефектот бидејќи делот е во сопственост на болницата. Здравствениот дом ангажирал приватна фирма која дала ветувања дека до недела ќе ја врати струјата.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ