
Дебатите ќе имаат влијание врз одлуката на гласачите
Квалитетна дебата во која кандидатите за Претседател се покажаа во позитвно светло преку искажување на одредени ставови и разјаснување на позициите, вака аналитичарите го оценуваат првото соочување на Пендаровски, Силјановска и Река на телевизија Телма.
Алберт Муслиу смета дека ваквиот тип на дебати во голема мера ќе им помогне на гласачате при носењето одлука на кого ќе му го дадат својот глас на денот на изборите.
Силјановска, Пендаровски и Река во едночасовната дебата ги претставија своите визии, програма, изразија и лични ставови за одредени процеси во државата, но ги подржа и политиките на партиите кои застанаа зад нивната кандидатура.
Јулијана Пешевска