Дебата за нацрт законите за образование во Штип

Часовите по физичко од прво до петто одделение ќе ги реализираат стручните, а не одделенските наставници, се намалува бројот на ученици за формирање на една паралелка, законскиот минимум ќе биде 20, ова е за поздравување што го носат новите нацрт закони за основно образование и за наставниците и стручните работниции, оцени денеска оваа фела од источниот регион на дебата со ресорниот министер.

Забелешките им се во делот на непочитување на реонизацијата и според нив овие нацрт закони првично не нудат подобрување на статусот на наставниците.

Министерот Арбер Адеми смета пак дека секоја забелешка е добредојдена од  фелата, бидејќи нацрт законите кои се креирани од домашни и странски експерти  се само основа.  На наставниците за првпат ќе им се понуди да напредуваат во кариерата.

Нацрт законите ќе понудат и поголема вклученост на учениците при донесување на одлуките, но и департизација на образованието, со новиот начин на избор на директори. Адеми очекува трендот на зголемување на платите во образованието да продолжи и во 2020 тата, а годинава септемвриската плата ќе биде повисока за 5 проценти за наставниците во основно и средно, а по подолг период и во  високото образование.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ