Дебата „Договорот меѓу Грција и втората страна – пандорина кутија или излез од лавиринтот“

Владата мора да води афирмативна  кампања преку која на граѓаните ќе им ја објасни содржината на Договорот со Грција и причините поради кои тој е потишан, смета професорката Гордана Силјановска. Во своето излагање на дебатата што ја организираше Филозофскиот факултет на тема „Договорот меѓу Грција и втората страна. Пандорина кутија или излез од лавиринтот“, Силјановска тврди дека идентитетските прашања не можат да бидат предмет на меѓународен договор затоа што тоа е право на секоја нација а од ниту една држава која аплицира за членство во ЕУ не може да се бараат дополнителни критериуми.

Димитар Апасиев упати забелешки на начинот на кој е организиран референдумот и кампањата на Владата за која тврди дека е еднострана.

Професорот Кирил Барбареев оцени дека после 25 години граѓаните се соочуваат со нов предизвик од кој ќе зависи иднината и опстојувањето на државата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ