
Дебар изминаа 30 дена изолација, очекува нова одлука на влада
Општина Дебар е во очекување на нова владина одлука за кризната состојба. Изминаа 3о дена од воведувањето на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа, така што сега очекуваме одлука на владата , ке остане ли кризната состојба или таа ке биде минато . Оваа денеска го изјави градоначалникот на Дебар Хекуран Дука кој потренцираше дека општината и кризниот штаб во Дебар се во очекување на нова одлука од страна на владата . Инаку тој ја изнесе оценката дека воведувањето на карантинот за Дебар имаше многу позитивни ефекти .
Слична оценка изнесе и градоначалникот на општина Центар Жупа Арјан Ибраим кој потенцираше дека воведувањето на излолацијата за двете општини мнгу го спречи проширувањето на Ковид 19. Инаку во оваа рурална општина беа регистрирани првите болни од Коронавирус на 26 февруари .
Во двете општини кризна состојба Владата ја воведе на 13 март .
На средбата со новинарите градоначалникот Дука изјави дека и понатаму нема регистрирани болни од Коронавирус . Според него владините мерки и полицискиот час во Дебар и селските населби се почитуваат целосно. Дука ги пофали волонтерите на црвениот крст за максималното залагање во снабдувањето на населението како со лекови така и со прехранбени артикли по нарачка од страна на семејствата .
Кенан Мимидиноски