
Дебар го поминува првиот ден во целосен карантин
Дебар го поминува првиот ден во целосен карантин. На терен се полицијата, војската, црвениот крст. Но во градот се заглавени и стотина лица од други населени места, кои не успеале да го напуштат пред воведувањето на карантинот. Со најновите заклучоци на Центарот за управување со кризи – Во Дебар и Центар Жупа се затвораат сите институции и економски субјекти освен продавници и производствени капацитети за храна, бензиски пумпи, аптеки, болници. Банките, комуналните служби и поштата ќе работат со скратено работно време. Сликата од Дебар во текот на денот ни ја пренесува колегата Кенан Мимидиновски од регионаналната Телевизија Три.