
Дебар една недела без болни од КОВИД 19
Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука денеска упати остри критики на неколку локални портали за кои рече дека шират бројни дезинформации што негативно влиијаат кај населението. Тој се закани на таквите портали дека ако продолжат да го заплашуваат народот со невистини за коронавирусот кај нас и пошироко ќе преземе законски мерки против нив.
Тој исто така ги критикуваше неодговорните лица кои во текот на вчерашниот ден масовно се шетале на брегот на Дебарското езеро .
Инаку во Дебар седми ден нема нови болни од коронавирусот, рече Дука и додаде дека денеска се земени уште 8 нови тестови , за кои се чека резултат. Дука на прес конференција рече дека на средбата на кризниот штаб притуствувал и преставник на Министерството за здраство и е разговарано околу исчекувањето на Дебар за новиот статус на состојбата , односно дали по утрешниот ден ќе се укине или не прогласената кризна состојба во општините Дебар и центар Жупа. Ако состојбата не се укине бараме од Владата веднаш да го реши проблемот на локалните транспортери, потоа проблемот со дебарчани кои работат во други градови, а не можат да излезат од општината како и неопходно обезбедување на гинеколог и анестезилолог во општата болница во Дебар .
Кенан Мимидиноски