Дебар бара гинеколог, со цел породувањата да се вршат во болницата

И  покрај тоа што во општините Дебар и Центар Жупа е прогласена  состојба на криза, сепак породувањата дебарските мајки ги вршат и понатаму во најголем број во болниците во Струга и Скопје. Така беше и во минатото но сега има ограничено движење а за се излезе од Дебар неоходни се повеке дозволи.

Директорот на болницата во Дебар Баки Алили изјави дека на денешната средба со матичните гинеколози е одлучено да се комлетира екипата на одделот за гинекологија при општата болница во Дебар, со цел породувањата да се вршат во градот. Преку министерството за здраство е побарано еден гинеколог, вели Алили.

Истиот извор наведува дека деновиве се регистрирани 4 породувања од кои само едно во дебар додека другите во Струга, Охрид и Скопје. Инаку во Дебар повеќе од две години поради немање на комплетна екипа на гинеколози во болницата, над 7о насто од породувањата се вршат во болниците во Струга и Охрид.

Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука  на оперативниот штаб состојбата со билеста ја оцени како постабилна. Има само еден заболен, што изнесува 4о, но исто така информираше дека во пораст е бројот на самоизолираните кој денеска изнесува 198 лица.

Надлежните институци сопштија дека безбедностната состојба е стабилна како во општината Дебар така и во општината Центар Жупа.

Кенан Мимидиноски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ