Давитковски : Зошто некој би работел во Железара, можејќи да си зема плата и да пие кафе на улица Македонија?

Отпуштањето на лицата вработени со помош на роднини на функции, не е реформа, како ни вработувањето во приватен сектор на 1 600  административци  кои сега земаат плата, а ништо не работат.

Ова е оценката на професорот Борче Давитковски, кој вели дека, ништо не е сработено во поглед на реформи на јавната администрација и дека одговорноста треба да се бара кај функционерите.

Давитковски предупредува дека, реформите не се прават за влез во ЕУ и НАТО, туку за граѓаните, дека недостасува политичка волја за администрацијата да престане да биде сервис на сите влади и да стане државен интерес околу кој ќе се обединат и власта и опозицијата.

Скептичен е дека, до крајот на мандатот на владата, ќе се направи нешто со овој сектор затоа што, вели, вистинските реформи се прават во првите две години. За разлика од него, професорот Никола Дујовски е задоволен од реформите во безбедносниот сектор.

За Дујовски не е спорно тоа што новата разузнавачка агенција ОТА ќе биде под директна надлежност на владата и што нејзиниот претседател ќе го назначува премиерот.

Задоволен е и од начинот на кој се носат законите во областа на безбедноста, со учество на граѓанскиот сектор и транспарентно.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ