Давитковски: Османи да чита табли е исто како Спасовски да мери брзина на мотори на Партизанска

Театар и влегување во туѓи чевли и ингеренции-така професорот Борче Давитковски, експерт за државна управа и администрација, го толкува видеото на кое вицепремиерот Бујар Османи врши инспекции и бара недвојазични табли. Тоа е во ресорот на Садула Дураки, првиот министер за политички систем, е не во евро-интеграции, вели Давитковски за Телма.

Тој додава дека контрола на спроведување на законот треба да има но не од политичари туку од надлежни инспекциски служби.

Во саботата, Османи заедно со Илбер Села, директорот на Агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат повеќе од 20 проценти и со државна кола шетаа и ги читаа таблите.

Директорот Села ни рече дека тоа било идеја на вицепремиерот за евро-интеграции. Таблите и печатите на државните институции требаше да се сменат со нови двојазични до 15-ти септември, но никој не знае дали сите институции ги исполниле своите законски обврски бидејќи Собранието се уште не го донело законот за инспекторат за примена на јазиците.

Директорот Илбер Села во телефонски разговор ни соопшти дека и покрај тој правен вакуум иако се агенција и тие ќе спроведат свое истражување на терен за да видат дали таа обврска е спроведена.

60-тина институции досега им побарале помош за да се преведат на албански јазик титуларите на институцијата. Имало и повеќе државни агенции кои сами преведувале од македонски па ги згрешиле натписите, вели Села, но по нивна интервенција ја исправиле грешката.

Пропустите, но со сопствена грешка ги бркаше и вицепремиерот Османи кој дури и тајно снимаше директор на агенција кого го прашуваше каде е двојазичната табла.

А по објавата на видеото на неговиот фејсбук профил доби препораки да провери и каде нема натписи на македонски јазик, да исконтролира зошто пред ДУИ нема државно знаме согласно законот или пак да открие зошто скопскиот воздух е загаден.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ