
Датум за преговори е потврда за сработеното, анализираат невладините организации
За прв пат во последните десет години Македонија има комплетно чисто досие и црвсти аргументи за препораката на Европската комисија да се ефектуира и да се даде датум за преговори, покажува компаративната анализа на извештаите на Европската комисија за напредокот на нашата држава насловена како „Датум за реформи“. Граѓанските организации и невладиниот секор лобираат за добивање на датум за старт на преговорите но сепак неизвесноста останува и таа се должи исклучиво на внатрешните состојби во Унијата.
Петковски смета дека доколку отварањето на преговорите не е само симболичен акт и доколку тоа не се случи не се казнува владата туку граѓаните.
Владата води силна дипломатска офанзива за да се добие датумот за преговори. Листата на барања и задачи е исплонета, реформите се во тек, решени се споровите со Бугарија и Грција и затоа нема ништо нелегитимно во притисокот кој Владата го врши за старт на преговорите.
Маричиќ нагласи дека доколку ЕУ одбие да го испочитува својот дел од договорот го доведува во прашање кредибилитетот и тоа негативно ќе се одрази на внатрешен план во Македонија но и на останатите држави во регионот.
Македонија има постигнато драстично голем напредок во сите поглавја и од заробена држава сега претставува модел за реформи, смета првиот човек на Фондацијата отворено општесво Македонија, Фани Каранфилова – Пановска. Токму затоа државите членки на Унијата од Европската комисија мора да побараат конкретна временска рамка за старт на преговорите.
Евротинк и Фондацијата отворено општество веќе десет години по ред изработуваат анализа на извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија.
Огнен Чанчаревиќ