Дарко Костадиновски и Осман Кадриу се нови уставни судии

Веднаш откако присутните пратеници едногласно ги избраа Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за уставни судии, тие дадоа свечена изјава.

Дарко Костадиновски е доктор на правни науки во областа на меѓународното право. Ангажиран е како советник во кабинетот на претседателот на државата од 2001 година и соработувал со тројца претседатели. Вели дека во 2016-та не го советувал претседателот Иванов да прогласи амнестија за осомничените од СЈО.

Осман Кадриу е професор на Правниот факултет при ФОН, експерт за облигационо право и автор на неколку книги за граѓанско, трудово право и политички систем. Пред универзитетскиот ангажман, работел како судија и како адвокат.

Мандатот на уставните судии е девет години без право на повторен избор. Костадиновски и Кадриу беа предложени од претседателот Иванов, откако им истече мандатот на судијките Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова. Собранието има обврска да избере уште еден уставен судија бидејќи во јули минатата година заврши мандатот и на судијата Исмаил Дарлишта, како предлог на Комисијата за избори и именувања. Претседателот на оваа комисија, Илија Димовски, вели дека консултациите се почнати.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ