Дарио Ивановски потфрли на 1500 метри на ЕП во Берлин

Дарио Ивановски истрча многу послабо од своите можности на 1500 метри освојувајќи го претпоследното 33 место од пријавените 34 атлетичари на Европското првенство во Берлин.

Ивановски постигна време од три минути, 57 секунди и 52 стотинки, што е дури за нешто повеќе од 10 секунди послабо од неговиот најдобар резултат во кариерата.

Македонија нема повеќе свој претставник на континенталниот собир откако вчера Дрита Ислами настапи на 400 метри со пречки и го освои последното 21 место.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ