Данска обезбеди втор триумф во Главната фаза

Данска продолжува со успешните настапи во Главната фаза на Европското ракометно првенство. Во Вараждин славеше вторпат откако ја совлада Германија со 26:25 во второто коло од Групата 2.

Германија го доби првото полувреме со 9:8 во кое се играше слабо и неефикасно. Во продолжение резултатот беше осум пати израмнет а по последното во 50 минута (18:18), Данците го превзедоа резултатот под своја контрола и не го испуштија до самиот крај за нови два бода во Главната фаза.

Во таборот на олимпискиот првак, ветеранот Ханс Линдберг беше најдобар стрелец со девет голови и прогласен за играч на натпреварот. Него го пратеше Микаел Хансен со пет, а по три погодока реализираа Мортен Тофт Олсен и Каспер Мортенсен.

Џулиус Кун со шест голови беше најефикасен кај Германија, Стефан Вајнхолд запиша пет, додека Руне Дамке реализираше четири погодоци.

Во вториот меч од денешната програма во Вараждин, Македонија се среќава со Шпанија во дуелот на првопласираните репрезентации од Првата фаза.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ