
Данев: Ако има тајно гласање за уставни измени ќе ја напуштам седницата
„Јас како пратеник нема да гласам за уставни измени со цел промена на установото име. Веднаш по завршувањето на референдумот јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, и дека волјата на граѓаните беше јасно искажана на референдумот“, изјави Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата.