Дане Талески нов амбасадор во НАТО?

Според неофицијалните информациите на Телма, Дане Талески ќе биде нов амбасадор на државата во НАТО

Денеска во собранието, на седницата за пратенички прашања, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара од премиерот Зоран Заев да одговори дали е точно дека ќе има 4 нови амбасадори на државата и тоа: Теута Арифи во САД, Дане Талески во НАТО, Сашко Насев во Софија и Мишо Догмановиќ во Тел Авив.

Заев одговори дека две од овие имиња се точни, две не се, но целта на владата била да се дооформат и комплетираат амбасадите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ