Дали законот за СЈО е противуставен, дебата меѓу обвинителите и експертите

Автономијата што би ја добило Специјалното обвинителство со новиот закон за СЈО (кој е во нацрт верзија) е спротивна на Уставот  сметаат дел од експертите но и обвинители од државното обивнителство. СЈО треба да ги задржи капацитетите и било која власт во иднина да не може да влијае но истовремено треба да има и механизими за контрла на неговата работа, хиерархија и субординација. Ова се дел од забелешките кажани и на јавната расправа за нацрт законот неделава што се одвиваше зад затворени врати. Републичкиот обвиинител Љубомир Јовески на последниот состанок на Советот за реформите предложил наместо два да има еден закон.

  • Јовевски е на мислење дека би било убаво да постои единствен закон за Јавно обвинителство што, пак, подразбира дека во тој закон би се вклопил и сега понудениот Закон за Специјално јавно обвинителство, се вели во соопштението на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството.

И шефицата на организиран криминал Вилма Русковска предлага  СЈО  да биде под капата на државното обивнителство и така да продолжи со нови обвиненија поврзнаи со бомбите.

  • Нацрт закон во некои делови е спротивен на уставот. Не може да постојат во системот паралелно две обивнителства, без да се смени Уставот. Околу ингеренциите што се даваат на специјалниот обивнител, недозвиоливо е да има толкава моќ во еден човек, без можност некој да врши контрола. Можеби Јанева нема да ја злоупотреби моќта, но не се знае кој може во иднина да седне на нејзиното место.  Мора да има некаква конторла од републичкото обвинителство, вели Вилма Русковска, шеф на ОЈО за огнење организиран криминал.

Поддржувачите на ваквиот закон пак сметаат дека СЈО треба да функционира како посебно обвинителство  и да биде вметнато во Уставот, со цел да остане самостојно и да не зависи од ниту една власт која во иднина би можела  да ја кочи нивната работа.  Специјалната обивнителка Катица Јанева вели дека верзијата што сега се разгледува  не е протвив уставна за детлаи од законот не сакаше да коментира бидејеки како што вели  се уште е отворен за промени

  • Се уште  има дебата за законот. Ништо не е конечно.  Се согласувам дека законот треба да биде согласно Уставот, но прфесори по уставно право кои ги консултиравме велат дека нацрт законот не е противуставен. Го почитувам ставот на колегите обвинители и со нив дискутираме заедно за изготввање на законот, смета Катица Јанева.

Во нацртот законот стои дека републичкиот обивнител може на специјалниот да му дава само општи упатства за заштита на човековите права, интерсот на државата но не и за конкретни предмети.

Правниците  кои го анализирале законот сметаат дека во нееднаква положба се ставаат обвинителите во државата со одредбата според која ако ако биде укинато СЈО,  обвинителите кои работат во него нема да се вратат во обвинителствата од каде дошле туку одат во повисоките обивнителства. На пример  Јанева ќе биде распоредена во републичкото обивнителство кај Јовевски а обвинители од нејзиниот тим во вишите обивнителства.

Дискутабилни за експертите се и предните и завршните одредби во законот според кои откако законот ке блезе во сила , без да се врши нов избор, се продолжува мандатот на Јанева за 5 години.

Дел од забелешките во стурчната јавност се и дека законот не предвидува котнрола во трошење на парите а од друга страна владата е должна да ги обезбеди сите финансиските средства што ке ги побара сјо.

Дополнитлено се бара  да се најде решение за судирот на надлежности што сега се отвора мегу сјо и организиран криминал .

Според предложениот закон специјалната обивнителка освен како досега за дела за кои прозилегуваат од бомбите може да висока корупција од претседатлеот на државата пркеу амнасадори пратнеици министри други функционери но и судии и обивнители.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ