Дали СКРМ И СОНК ќе го прифатат предлогот на Министерството за култура за нов Колективен договор од јули 2020?

Синдикатот за култура, на денешното гласање одлучил да се прифати предлог Колективниот договор, чии нови коефициени на платите ќе се пресметуваат од јули, идната година, како што понудија од Ресорот Култура, велат од Советот на СКРМ.

Советот на СКРМ, составен од претставници на 40 установи, со 38 гласа за и 2 против, одлучи да го прифати овој предлог Колективен договор.

А, претседателот на СОНК, Неделков, рече дека конечниот став ќе го кажат во понеделник, по состанокот во Министерството за култура. Нивниот став ќе зависи и од денешното сумирање на резултатите од одржаната јавна расправа во секоја синдикална организација.

Во моментов се сумираат резултатите од јавната расправа . Секоја синдикална организација беше должна да го разгледа предлог Колкективниот договор и евентуално да даде свои забелешки во однос на текстот, коефициентите и т.н. Денеска- петок, е краен рок за доставување и сумирање на резултатите,

рече Неделков.

Синдикатот за култура во вторникот одржа еднодневен штрајк поради револтот од, како што рекоа, пробиените рокови од Министерството за култура, за потпишување на новиот Колективен догов. Од синдикатот бараа, Колективниот да се потпише до крајот на оваа, за да стапи на сила од почетокот на идната година, а од министерството добија понуда за нови коефициенти од јули, 2020. Со новиот Колективен договор, кој го чекаат 15 години, СКРМ очекува ставање крај на хаосот со нееднаквите плати на вработените, на исти позиции во различни установи. Со штрајкот на Синдикатот за култура се солидаризираа од СОНК зашто дел од нивните членови се вработени во 50 установи од културата и уметноста.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ