Дали на 8 јули „Ел Чека“ ќе дојде во Кичевскиот суд или ќе му се суди во отсуство?

За 8 јули кичевскиот суд го закажа стартот за судењето за 28 годишниот Шекерим Ахмеди со псевдоним „Ел Чека“ кој од Чикаго преку фејсбук ги детонираше бомбите, за кои посочува дека се на функционери од ДУИ.

Откако обвинителството подигна обвинение, судијката кај која се паднал предметот го одредила датумот за првото рочиште, но до тогаш е неизвесно дали „Ел Чека“ ќе дојде во Кичево или ќе му се суди во отсуство?

Од судот за Телма потврдија дека му испратиле обвинение и покана за судење на домашната адреса во кичевското село Туин, но поканата е вратена со забелешка дека обвинетиот е во САД.  За да може да му се суди во отсуство судот прво треба да добие известување од МВР дека обвинетиот е недостапен, а обвинителството да побара судење во отсуство. Одлуката ја носи судијата кој го суди предметот, брифираат од судот за Телма.

Според обвинението за неовластено прислушкување и тонско снимање, на кичевецот кој преку океанот ја тресе македонската политичка сцена, му се закануваат од 1 до 5 години затвор,

Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka” објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори.

Ел Чека со мали прекини постојано е активен на социјалните мрежи. И деновиве породлжува со објавување на бомби што ги добил од тројца обвинети во Диво Насеље  кои пак преку својот адвокат побараа од наделжните да ја испитаат и содржината на разговорите.

Обвинителството пак со став дека прислушувани разговори не смеат да се објавуваат. Велат дека во последно време зачестиле случаите на објавување на прислушувани разговори и потсетуваат дека со затворска казна од 1 до 5 години може да биде казнет секој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана.

 

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ