Се чека одлука за заминувањето во затвор на Сеад Кочан

Додека нема одлука од судија за извршување санкции по барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна од четири години и осум месеци за предметот „Труст“ на СЈО, согласно Законот за извршување санкции се пролонгира неговото заминување во затвор.

Бизнисменот Кочан според упатниот акт денеска требаше да се јави на издржување на затворската казна, откако Кривичниот совет во понеделникот ја потврди одлуката на судијата од Кривичниот суд да се одбие барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на затворската казна.

Бизнисменот Сеад Кочан, пред два дена, повторно се обиде  да ја одложи затворската казна од 4 години и 8 месеци. Судот му ja одбил првичната молба за одлагање поради недовршеани работи, но тој испрати ново барање поради здравствени причини. Ова следува откако во петокот завршил во приватна болница.

Ниту од одбраната ниту од судот нема информација за колку сериозни здравствени проблеми станува збор и дали осудениот бизнисмен е сеуште хоспитлаизиран или на домашно лекување.

Кај судија за извршување на санкции доставено е ново барање за одлагање на извршувањето на затворската казна за кое е потрбно да се извршат неопходни извиди по што судија ќе одлучува, а по донесеното решение странките и јавноста ќе бидат навремено известени, велат од Кривичен, соопштија во понеделникот од Кривичен.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ