
Да се одложи примената на законот за спречување перење пари
Комората на северозападна Македонија бара на неодредено време да се одложи примената на законот за спречување перење пари.
Примената на одредбите од овој закон според нив ќе имаат негативно влијание врз бизнисот особено заради драстичното намалување на плаќање готовина од 15 000 евра на 2000 евра. Бараат бизнисот да биде конулстиран за вакви чуствителни закони кои не треба да се носат по скратена постапка.
Законот ги исклучува организаторите на игри на среќа кои не се обврзани исплатите кон клиентите да ги вршат преку банкарски сметки, односно тие и натаму можат да работат со кеш.