
Да се одложи правилникот за лифтови
Старите лифтови ќе останат без дополнителен уред за заштита од неконтролирано движење нагоре. Групацијата за лифтови и групацијата за домување бараат уште едно пролонгирање на примената на Правилникот за лифтови со кој ваквиот уред е задолжителен заклучно со 31 декември 2018. Причина велат е цената на уредот кој се движи од 5000 до 10 000 евра, а кој на крајот треба да го платат станарите. Дополнитлна причина за одложување на примената е тоа што уредот кој е тежок околу 50 килограми ќе ја намали носивоста на лифтот.
„Компаниите сметаат дека дел од обврските бараат многу инвестиции, а без нив лифтот ќе продолжи нормално да функционира, кажа Даниела Михајловска Василевска од Стопанска Комора.
Групацијата за лифтови со години наназад бара измени на овој правилник но надлежното министерство за економија велат не реагира. Овој документ според нив не може да се примени се дури не се поправат слабостите кои се однесуваат на обврските на сервисерите во делот на одржување, поправка или замена на лифтовите како и акредитација на инспекторите.
„Сите лифтови треба да се адаптираат, а дел е невозможно заради финансиски трошоци, кажа Димче Поповски од Групација за лифтови.
Правилникот за лифтови е донесен во 2009 година, почна да се применува од јануари оваа година а рокот истекува во 2019. Вака дефинираната регулатива иако се базира на европските стандарди не се применува во сите земји од ЕУ.
Виолета З Стојановска