Да се пополнат испразнетите места во Aнтикорупциската комисија, бара Димовски

Да се распише оглас за да се изберат 5 нови члена и да ги пополнат испразнетите места во антикорупциската комисија. Ова барање преку собраниските служби Илија Димовски го испратил до спикeрот Талат Џафери, кој огласот треба да го стави на дневен ред и пратениците да го изгласаат. Димовски на меморандумот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, барањето го образложува и со тоа што во најава се предвремени избори и се грижи дека може да има злоупотреби на државни институции и средства во полза на партиите.

„Одржување на избори без функционален состав кој ќе може да одлучува и постапува во време после распишување на избори и во време на изборна кампања може да значи комплетно беззаконско дејствување на партиите и државните и јавни институции, кажа Илија Димовски“, ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна роковите во огласот за пријавување на кандидатите и роковите за избор на членови се подолги од времето што останува до евентуалниот прв предложен датум за предвремени избори. Вчера и невладиниот сектор побара докомплетирање на антикорупциска која повеќе од половина година има само 2-ца членови откако 5-мина си дадоа оставка кога беше откриено дека злоупотребувале пари за патни трошоци. Собранието не избира нови членови бидејќи во подготовка е нов закон за борба против корупција, но бидејќи нема никаква шанса тој да биде донесен- предлогот на невалдините е да се изберат антикорупционери по старо.

И со активна и пополнета Антикорупциска комисија, поради партизираноста-во изборите од 2011-та наваму имаше спора и неефикасна реакција кога тогашната власт ги злоупотребуваше државните и јавните институции за свои партиски потреби. Во предложените измени антикорупциската треба да добие поефикасни инструменти за борба против злоупотребите.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ