
Чушков: Набавките во ЈСП се законски
ЈСП „ Скопје“ не распишал тендер и постапката за набавка на електронски картички ја склучиле со прегаварање бидејќи така налагала итноста а фактот што двете фирми кои ги добиле догвороите се формирани кон крајот на јуни, имаат ист сопственик и се регистрирани на неговата домашна адреса не е кршење на законот, изјави директорот Кристијан Чушков на претпријатитето на денешната прес конференција.
„ Станува збор за две различни постапки, во кои се избрани две различни фирми, во целосно законска постапка. Во текот на постапката согласно закон сме немале обврска да ги споредуваме адресите на кои биле основани овие фирми. Но, дури и да сме ги споределе адресите, согласно закон сме немале право да ги дисквалификуваме фирмите заради тоа што биле основани на иста адреса“, рече Чушков.
Одговарајќи на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Чушков изјави ЈСП отворило постапка со преговарање за да спречи евентуален недостиг од електронските картички за наплата на која која учествувале три понудувачи, „ИД Кардс“ која понудила 120 денари за картичка, „Коннектел“ со 125 денари за картичка и досегашниот добавувач „Македонски Телеком“ со цена од 130 денари по картичка. Тој смета дека бил избран најповолниот понудувач.
„Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ по промената на раководството на претпријатието во континуитет работи на зголемување на квалитетот на услугите што ги нуди како сервис на граѓаните. Како резултат на тоа, во првото полугодие од оваа година продажбата на електронски картички – билети беше зголемена со речиси 20.000 билети повеќе во однос на истиот период лани. Ваквото зголемување појави опасност од евентуален недостиг од овие картички, и тоа во пресрет на почетокот на новата учебната година. За да се спречи недостигот на картички, во услови на крајна итност беше отворена постапка со преговарање“, објасни Чушков.
Поради нефлексибилноста на досегашните билети и по укажување на граѓаните, ЈСП „ Скопје“ одлучиле да изработат нов систем за наплата и валидација на билети а за изработка на квалитетна техничка документација бил распишан оглас за консултантски услуги. На овој оглас се јавил само еден понудувач „Ит плус“ и тој бил избран.
„Ит плус смарт консалтинг“ е формирана 20 јуни а на 24 јули го добила тендерот од ЈСП, вреден 130.000 евра. Истиот сопственик, по дена ја отворил и втората фирма „Идкардс“, која по неполн месец добила бизнис од ЈСП вреден 78.000 евра.