
Чулев: Првата пратка пасоши се очекува за десет дена
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев се надева дека за најмногу десет дена ќе пристигне првата пратка нови пасоши поради што ќе се релаксира состојбата предизвикана од пасошката криза.
Во моментот има околу три илјади обрасци за патни исправи, а преостанатите се делат врз основа на одлука на комисијата на МВР.
Предност имаат граѓаните со медицински потреби. Досега никој не ја понесе одговорноста за кризата поради лошите планови во МВР за набавка на нови пасоши.