Чулев на Табановце: ќе успееме ако делуваме заедно

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска ги посети полициските службеници на граничниот премин Табановце каде се сретна со полициските службеници и од прва рака провери дали и како се превземаат мерките кои се донесени од страна на владата за справување со Корона вирусот.
„ Дојдов тука да им изразам поддршка на овие наши колеги кои деноноќно работат и даваат се од себе. Како министер за внатрешни работи, во рамки на сите средби на државниот врв изминатиот период, инстистирав дека е неопходно преземање построги и поитни мерки со кои ќе се гарантира и ќе се заштити животот и здравјето на граѓаните и дека ако делуваме сите заедно тогаш можеме да успееме“, потенцираше Чулев во своето обраќање.
Тој побара од граѓаните  разбирање но и кооперативност во заедничката борба што како што нагласи „ќе ја водиме и што – бидете сигурни – ќе ја добиеме“.
Чулев повтори дека МВР ќе биде во постојан и отворен контакт со средствата за јавно информирање и со сите заинтересирани граѓани за  транспарентно и заедничко делување во спречувањето на ширењето на епидемијата и упте една побара граѓаните да се воздрѓат од патувања во странство.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ