
Чулев: Ќе се бараат информации за сите учесници во групата „Јавна соба“ кои го прекршиле законот
Во тек е истрага за случајот „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, изјави министерот за внатрешни работи.
Според Чулев, групата имала двајца модератори и двајца администратори.
Од социјалната мрежа Телеграм чие седиште е во Велика Британија се уште немаат добиено никаков одговор на барањата на МВР. Досега две жртви , чии фотографии биле злоупотребени, пријавиле случај.
Истрагата е за детска порнографија и за злоупотреба на лични податоци.